Информациите кои ноќеска пристигнуваа од Украина се дека руски ракети паднале врз градот Василкив, југозападно од главниот град Киев, при што е запален нафтен терминал, изјави градоначалничката.
„Непријателот сака да уништи се наоколу“ – вели градоначалничката Наталија Баласинович.
Фотографиите и видеата објавени на интернет покажуваат огромен пламен кој го осветлува небото. Локалните власти ги предупредија жителите да внимаваат на можните отровни испарувања.
Експлозии синоќа одекнаа на повеќе страни во Украина, а руските сили разнесоа гасовод во градот Харков. Засега не е познато колку е важен овој гасовод и дали после ова може да дојде до прекин во испораката на гас. И покрај војната, Украина продолжува да испорачува руски природен гас во Европа.