Руски трупи навлегоа и во Харков

Руските трупи навлегле и во вториот по големина град ви Украина – Харков, а украинските сили се борат со руските војници на улиците на градот, изјави регионалниот гувернер Олех Синегубов.

„Воени возила на рускиот непријател упаднаа во Харков, вклучувајќи го и центарот на градот. Вооружените сили на Украина го уништуваат непријателот. Ги замолуваме цивилите да не излегуваат“ – рече Синегубов

На видеата кои се споделуваат на социјалните мрежи се гледаат воени возила кои се движат по улица одделно, и запален тенк.

„Ситуацијата во Киев е мирна, главниот град е целосно е под контрола на украинската армија и одбранбените сили“ – рече Микола Поворозник, првиот заменик-шеф на градската државна управа на Киев, во изјава објавена непосредно пред 7 часот по локално време.

Русија претрпе значителни загуби во четвртиот ден од војната против Украина, при што украинските одбранбени сили соопштија дека во текот на вчерашниот ден собориле 18 хеликоптери, 16 авиони, 102 тенкови, 540 борбени возила, еден ракетен систем.