Напаѓач од Гана колабираше на теренот на натпреварот од Прва фудбалска лига на Албанија.
Во 24. минута, лекарската служба реагираше и се обиде да го реанимира, но безуспешно. Веднаш беше префрлен во болница, но лекарите не го спасија неговиот живот.
Рафаел Двамена, најдобриот стрелец на албанското првенство, почина веднаш по натпреварот од 13. коло на шампионатот на натпреварот меѓу Егнатија и Партизани.
Двамена играше за Егнатија, првопласираната екипа во албанската лига, имаше 28 години, а ова не било прв пат да колабира на натпревар, бидејќи слично нешто, му се случило пред две години во Купот на Австрија на натпреварот помеѓу Линц и Хартберг.
The moment Dwamena left us… pic.twitter.com/D9BYsFx8YH
— ¹⁹ 🇦🇱 (@MagicalBroja) November 11, 2023