Над 4 000 Исланѓани, жители на рибарскиот град Гриндавик се евакуираат поради можноста за ерупција на вулкан во близина на градот.
На ниво на целата земја е прогласена вонредна состојба поради опасност од вулканска ерупција, а оваа мерка беше воведена по серијата земјотреси на полуостровот Рејкјанес, југозападно од островската држава во северниот дел на Атлантскиот Океан.
„Ова предизвика страв од вулканска ерупција, која може да се случи „во рок од неколку дена“ – велат од Исландската метеоролошка служба.
Како мерка на претпалзивост беше затворена Блиската Сина лагуна, популарна туристичка локација позната по своите геотермални минерални извори, а се развиваат и понатамошни планови за евакуација и на останати жители доколку дојде до ерупција.
Инаку на полуостровот Рејкјанес се регистрирани околу 24.000 земјотреси од крајот на минатиот месец, а главниот и најброен град во земјата, Рејкјавик се наоѓа на само 40 километри северно од вулканот.
Во својата последна ерупција, во 2010 година, вулканот Ејафјордур практично го запре воздушниот сообраќај во Европа, предизвикувајќи откажување на 100 000 летови и блокирајќи 10 милиони патници.