Загинале двајца грчки иселеници во Украина, шестмина се повредени
Грчкото МНР соопшти дека двајца грчки иселеници загинале, а шестмина се повредени, меѓу кои и едно дете, при бомбардирањето од руски авион на цивили во селото Сартана во Украина.
„По наредба на министерот за надворешни работи, Никос Дендиас, генералниот секретар Темистоклис Демирис телефонски упати силна протесна нота до рускиот амбасадор во Атина и го повика утре во Министерството за надворешни работи“ – соопштија од грчкото МНР.
Дендиас, на средбата со шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров пред две седмици го истакнал прашањето за потребата за заштита на грчката дијаспора во Украина.