Кадиров до Зеленски: Јави му се на Путин, побарај прошка!

Лидерот на Чеченија – Рамзан Кадиров со совет до украинскиот претседател Владимир Зеленски:

„Повикај го рускиот претседател Владимир Путин, побарај прошка од него, направи го тоа заради зачувување на Украина и нејзиниот народ, согласи се со сите услови што ги бара Русија. Тоа ќе биде вистинскиот чекор за да го сочуваш својот образ“ – рекол Кадиров, пренесува „Спутник“.

Кадиров изјави и дека на средбата во Грозни повеќе од 12.000 војници изразиле подготвеност да ги исполнат сите задачи „по наредба на рускиот претседател Владимир Путин“ и дека се подготвени доброволно да заминат во Украина.