ПАОК забрани внесување македонски знамиња: Миовски го крена Солун на нозе

Денеска од 18:45 часот Абердин му гостува на ПАОК во Солун во меч од Конференциската лига, грчкиот клуб поради Бојан Миовски им забрани на шкотските навивачи да внесуваат македонски знамиња.

Кога игра Абердин, на трибините често знаат да се појават и македонски знамиња во чест на нашиот Бојан Миовски кој е главна ѕвезда на шкотскиот тим.

На првиот натпревар меѓу Абердин и ПАОК, Миовски постигна гол и упати провокација при прославата со кревањето на три прста (обединета Македонија).

Ваквата прослава на Миовски веројатно ги натера Грците да донесат одлука за строга забрана за македонски знамиња на денешниот меч.

Организаторот на мечот им порачал на Шкотланѓаните дека проверката при влез ќе биде темелна.

Во првиот меч Абердин прокоцка предност од 2-0, ПАОК направи комплетен пресврт и го доби мечот со 3-2.

Тимот на Миовски мора да брка победа во Солун, со друг резултат уште денеска ќе ги загуби шансите за нокаут фазата од Конференциската лига.