
Со гол на Марио Младеновски во првото полувреме, Шкупи со 1-0 го победи Работнички и се пласира меѓу четирите најдобри во Купот на Македонија.
Натпреварот меѓу Работнички и Шкупи требаше да се игра вчера заедно со останатите, но беше одложен за денеска поради тоа што немаше услови на стадионот во Маџари кој беше поплавен од дождот.
Мечот денеска се играше на стадионот на ФФМ, еден гол го реши победникот, Шкупи оди понатаму, Работнички е елиминиран.
Клучниот момент се случи во 15. минута кога по центаршут на Адем од корнер, Марио Младеновски погоди со глава за водство на Шкупи од 1-0, што се покажа и како конечен резултат.
Вчера се одиграа преостанатите три натпревари, Воска со 1-0 славеше кај Брегалница, Македонија ЃП со истиот резултат на свој терен го совлада Силекс, а Тиквеш по подобро изведување на пенали ја елиминираше Брера.