Осуден педофил вчера избега од судот во Бања Лука – скокнал низ прозорец и исчезнал

Правосудната полиција и МУП на Република Српска интензивно трагаат по Ивица Мишковиќ од Какањ, кој вчера избега од зградата на Основниот суд во Бања Лука, откако беше осуден на четири години затвор за сексуална злоупотреба на дете.

Оттогаш, на Мишковиќ му се губи секаква трага, а иако сите расположливи полициски сили веднаш се кренаа на нозе, Мишковиќ сè уште не е лоциран или уапсен.

Како што неофицијално дознава АТВ, Мишковиќ откако го скршил прозорецот се упатил кон населбата Борик во Бања Лука. Меѓутоа, набрзо му се губи секаква трага.

„Мишковиќ се уште е во бегство. Откако е донесен во судот од притвор, нема пари со себе, ниту лични документи. Потрагата е во тек, полициски службеници се на терен и ги проверуваат сите локации каде би можел да се движи“, вели извор близок до потрагата.

Мишковиќ избегал од собата за држење така што скршил прозорец и скокнал надвор. Тој во тој момент бил во надлежност на правосудната полиција и се чекал на доставување на пресудата и приведување.

Полицајка од судот се соочила со него и се обидела да го спречи да побегне, но не успеала и во таа прилика се здобила со полесни повреди.

„Лицето со иницијали М.И., во текот на денот на изрекување на пресудата е спроведено во Основниот суд во Бања Лука. По изрекувањето на пресудата е сместен во државен простор. Додека го чекал решението го скршил прозорецот и побегнал. Судската полицајка се обидела да го спречи, но не успеала Судската полиција, како и полицијата во Бања Лука, во соработка со МУП, прават се за да го пронајде бегалецот“, изјави вчера Жељко Драгојевиќ, директор на правосудната полиција на Република Српска.