Осуммина грчки државјани заглавени во манастир во Газа
Осуммина Грци, според грчката државна телевизија ЕРТ, семејство и свештени лица, остануваат заглавени во манастирот Свети Порфириј во Газа, а Министерството за надворешни работи на Грција преку Генералниот конзулат во Ерусалим е во постојано контакт со нив.
Дипломатски извори за медиумите во Грција брифирале дека израелските власти се информирани дека грчките државјани се наоѓаат во манастирот, имињата на осумтемина Грци биле доставени и до израелските и до египетските власти, а се чека повторно отворање на преминот Рафа и можност за премин на грчки државјани, за доколку сакаат, да бидат префрлени во Египет.
Минатиот петок од Газа беа евакуирани 16 Грци.