„Националните објекти, дел од критичната инфраструктура, вклучително и нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија, се со засилено обезбедување“.
Ова го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков на прашањето за ризиците за Бугарија од воената акција во Украина.
Премиерот на Бугарија посочи дека во Владата на државата има работни групи кои вршат целосна проверка на нејзината резерва.
Петков истакна дека не верува дека постои опасност за Бугарија во моментот и треба да се искористи за да се доведе целиот систем во готовност.