Од кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски никој не побарал дозвола за изградба на музејот на УЧК во селото Сопот.
Тој вели дека не е изненаден од пораките кои ги упати претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Градоначалникот вели дека ДУИ покажуваат екстремно самовластие како партија која повеќе од 20 години е на власт и секогаш во предизборието, игра на национална карта .
„Дали е отворен музеј или спомен обележје, секогаш си има строга постапка дефинирана според закон, како се отвора такво нешто. Во моментов немам никаква информација, ниту некој се обратил до Општина Куманово за да побара било каква дозвола“, вели Димитриевски за Локално.
Ахмети на отворањето на музејот на УЧК во Сопот, Ахмети порача дека „Албанците се господари во Македонија“.
Ахмети пред два дена од кумановското село Сопот порача дека благодарение на прагматизмот што го избрале денес, албанскиот јазик и албанското знаме се официјални и неприкосновени во оваа земја.
Тој рече дека Албанците никому не му должат да останат затрупани и изолирани надвор од Европа. Во минатото во селото Сопот имало одреден број Македонци, но по конфликтот во 2001 година, целото е населено со албанско население.
Музеј на УЧК има и во липковското село Слупчане.