17-годишен тинејџер од Цетиње во Црна Гора со нож ја нападнал својата 61-годишна мајка и ја прободел во грб, јавуваат црногорските медиуми.
Малолетното момче по овој чин и се предало на полицијата.
Итната помош ја известила полицијата дека во четвртокот околу 19:35 часот поради пружање на лекарска помош било примено женско лице со повреди со нож во пределот на грбот.
Радио Цетиње пишува дека животот на жената не е во опасност. Малолетникот е испратен во ЈУ Центар „Љубовиќ“, по барање на Основното јавно обвинителство Цетиње.