Израелската полиција соопшти дека двајца припадници на граничната полиција се тешко ранети со прободување со ладно оружје во терористички напад што се случи утринава во близина на Иродовата порта во Стариот град во Ерусалим.
Jerusalem Post јавува дека еден од ранетите е во критична состојба, а другиот има полесни повреди.
Се наведува дека терористичкиот напад се случил во близина на полициската станица.
– Терористот е убиен од полицајци кои пристигнале на местото на нападот – соопшти полицијата.