Спомен-клупата на македонскиот драматург Горан Стефановски која се наоѓа во центарот на Скопје денеска направи жална слика која е доказ за (не)културата во нашето општество.
Во Дебар Маало, точно пред зградата на Општина Центар каде се наоѓа оваа клупа сликата навистина беше невкусна.
Со кратка објава на Фејсбук, новинарот Горазд Чомовски даде реален осврт на овој чин.
Еее, Горане, Горане ѓубре оставено на твојата клупа, во твоето Дебар Маало.
Не не бива, ниту ќе не биде !„Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“
Г.Стефановски