Додик: Србите не можат да бидат поданици на странци

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик оцени дека Србите се државотворен народ, дека се држат до слободата и не можат да бидат поданици на странци.

„Ние не бевме поданици на Турците, на Австро-Унгарците или на Германците и нема да бидеме оние кои денес се обидуваат да ни наметнат предметски однос“, напиша Додик на платформата Х.

Според неговите зборови, во БиХ се обидуваат „да ја задржат колонијалната администрација од лажен и нелегитимен висок претставник.

„Се разбира, Република Српска не може да се согласи дека некој на тој начин управува со нашата заедница и со нашето општество“, рече Додик.

Тој оцени и дека „ЕУ ќе се распадне побрзо отколку ние да влеземе во неа, додавајќи дека одлуките за РС ги носат нејзините институции, а не некој друг“.

„Фактот што не им се допаѓа РС не значи дека таа не треба да постои“, рече Додик, нагласувајќи дека Западот „ќе мора да смета на него уште долго време“.