Босанец е во брак со две жени, заедно делат кревет, тој тврди дека си го исполнил сонот

Елмедин Кариќ од Бусовача (32) (БиХ) ја шокираше својата заедница кога јавно призна дека е во брак со две жени.

Оваа необична љубовна приказна предизвикува различни реакции, но Елмедин тврди дека ова е остварување на сонот за кој отсекогаш сонувал.

Првата сопруга Фатима (28) е мајка на нивните три сина и заедно поминале низ многу подеми и падови во текот на 10-те години брак.

Меѓутоа, пред две години Елмедин во својот дом донел уште една жена. Јана (44) од Украина ја запознал додека бил на привремена работа во Минхен. Помеѓу нив се родила не само љубов, туку и желба за заеднички живот.

Елмедин тврди дека секогаш фантазирал да има две сопруги во исто време, а кога ја запознал Јана веднаш и ја открил својата ситуација.

Јана изјавила дека го сака и нема ништо против да се омажи за него под тие услови.

На почетокот Фатима била шокирана од оваа идеја, но со текот на времето се навикнала и ја прифатила Јана.