Албанците ја нападнаа Рита Ора поради средбата со Ѓоковиќ: Таа продава лажен патриотизам!

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ на стадион во Франција го следеше финалето на Светското првенство во рагби.

Србинот ја чека одбраната на финалето на Мастерсот во Париз, па слободното време го искористи да ја види победата на Јужна Африка над Нов Зеланд (12:11).

Сепак малкумина го очекуваа на трибините во друштво на познатата пејачка Рита Ора по потекло од Косово.

Албанските и косовските медиуми не ја рекламираа оваа вест, а меѓу ретките медиуми кои тоа го направија беше и албанскиот „Спорт експрес“.

„Рита Ора неодамна доби многу критики, бидејќи на сцената се појави со знамето на Србија на рамо. Самата пејачка се извини за тоа што не знаела на која земја и припаѓа знамето што фан и го фрли на сцената. Во меѓувреме, пред извесно време на концертот на албанската пејачка беа прикажани слики од некои познати личности, а нејзиното мислење за нив го имитира и Рита Ора. Кога се појави Новак Ѓоковиќ, нејзината реакција беше јасна – не и се допадна она што го виде и побара да ја смени сликата. Сепак, денеска камерите ја снимија како седи покрај српскиот тенисер. Двајцата рамо до рамо го гледаа финалето во рагби, а лицето на Рита Ора беше насмеано. Момент кој не и се допадна на албанската јавност, особено знаејќи го патриотизмот со кој Ора секогаш се трудеше да се претстави. Можеби двоглавиот орел на концертот е само симбол за продажба“ – се вели во текстот на „Спорт експрес“.

Видеото на двајцата од стадионот изненади многумина, а Рита Ора го следеше овој натпревар поради нејзиниот сопруг.

Таика Вејтити е Новозеланѓанец поврзан со репрезентацијата на својата татковина, преку платформата НЗР+, а се уште не се знае дали Рита Ора отишла таму со Ѓоковиќ или случајно се сретнале.