Маск преку Старлинк ќе обезбеди интернет за хуманитарните организации во Газа

Сопственикот на социјалната мрежа X (поранешен Twitter, оп.а.) и основач на SpaceX, Илон Маск изјави дека Starlink ќе овозможи интернет конекција со меѓународно признати хуманитарни организации во Газа.

Оваа информација Маск ја објави преку својот профил на оваа социјална мрежа.

Претходно палестинската телекомуникациска компанија која обезбедува мобилни услуги на Појасот Газа објави дека поради интензивното бомбардирање дошло до целосен прекин на телекомуникациските услуги.

На почетокот на руската агресија врз Украина, Маск им обезбеди на Украинците интернет конекција преку сателитот Starlink на SpaceX.