Сообраќајна несреќа се случи претпладнево во Аеродром, на крстосницата кај „Мајчин дом“.
Како што потврдија од МВР за МИА, денеска околу 10.10 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистерски таблички, управувано од С.С. (58) од Ресен и велосипед управуван од малолетник.
Од ударот по инерција велосипедот удрил во Б.И.М. (37) количка за дете, во која имало дете.
На велосипедистот и детето им е укажана лекарска помош и констатирани им се телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување.