Трендот на повеќе оздравени отколку заразени од Ковид-19 во земјава продолжува, а опаѓа и бројот на активни случаи.
Во тек е скринингот за имунитетот на граѓаните во Скопје и во другите градови, а продолжува и скринингот во училиштата.
Надлежните очекуваат во наредниот период да се стабилизира епидемиолошката ситуација во државата.
Вчера беше евидентирани 631 нов случај на Ковид-19, од направени 2.818 тестови, а регистрирани се 6 починати пациенти, но и 910 оздравени.
Досега во земјава починале 8.968, а има 5.162 активни кови-случаи.
До крајот на неделава се очекуваат првични податоци за серопреваленца во Скопје, а од следната недела и за другите градови од државата, информираа од Министерството за здравство.
Деновиве исто така се очекува Генералниот координативен кризен штаб и Владата да се произнесат за двете мерки предложени од Комисијата за заразни болести.
Мерките се однесуваат на укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени.