(Видео) Дончиќ со неверојатна тројка, Јокиќ одново маестрален во НБА лигата

Лука Дончиќ имаше неверојатна партија во победата на Далас над Бруклин од 125-120, Словенецот постигна 49 поени, одличен беше и Јокиќ, Денвер со 108-104 триумфираше кај Мемфис Гризлис.

Дончиќ синоќа брилјираше, постигна 49 поени, имаше 10 скокови и седум асистенции. Погледнете ја оваа магична тројка која ја даде.

Јокиќ со 22 поени и 12 скокови беше најдобар на теренот во победата на Денвер на гостувањето кај Мемфис. Оваа асистенција од половина терен за цепелин ги збудале сите.