За безбедносните ризици, за кризата во светски рамки, ценовниот шок, каматните стапки, економските мерки и останати економски прашања разговараме со универзитетскиот професор Марјан Петрески.
Петрески за „Трилинг“ вели дека како држава треба да сме будни за она што се случува на геополитички план.
Точно е дека инфлацијата се смирува, последниот податок е 6.6 отсто за септември, во октомври таа бројка ќе биде дополнително пониска. Тоа е заради две основи. Првата е дека имаме висока споредбена основа со лани, а втората е дека настана замрзнување на цените на одредени производи во храната па допрва ќе видиме ефектите овој месец, вели Петрески за „Трилинг“.
Професорот напоменува дека со руската инвазија се влошиле економските параметри за нашата држава, а почнувајќи од една компонента се преала во други дејности.
На прашањето од новинарот Горазд Чомовски дали „замрзнувањето од владата е задоцнет чекор“, тој вели дека важно е да се стабилизираат инфлациските очекувања.
Домашни притисоци во цените се појавија кај одредени точки во синџирот на добавување и истражувањата покажаа дека тие точки биле важни и кај производителите и кај трговците, со посебен нагласок кај трговците. Тоа дава одредено оправдување кај владата зошто се решија да замрзнат цени и тоа да ги смири одредени чинители. Клучно е мерката да не биде долгорочна и да не се соопштува во моментот кога ќе престане да важи, тоа е момент кој владата треба да го корегира бидејќи се генерираат инфлациски очекувања, вели професорот Петрески.
За каматните стапки Петрески вели дека тешко е во моментов да се проценува кога точно би се случило Централната банка да започне со олабавување на монетарната политика.
Петрески додава дека кај народот е загубена куповната моќ, а тоа може да се направи со автоматските стабилизатори на пазарот или со одредени ад хок мерки.
Излишно е веќе да се зборува за зголеувањето на платите на функционерите, на кратко вели професорот и додава дека ги истото ги поткрева инфлациските очекувања.
Професорот вели дека очекува консензус околу ваквите прашања од двете партии.
Дебатата околу увоз на работна сила како да спласна. Се уште е релевантна оваа дебата. Не сум противник да се размислува што и како може да се увезе од надвор, треба да размислиме најпрво да ги искористиме внатрешните потенцијали, а тоа се над 100.000 невработени лица регистрирани во заводот за вработување, вели професорот Петрески.
За платите, пензиите и останатите актуелни економски прашања погледнете го целото интервју