Мажите од 18 до 60 години не смеат да ја напуштат Украина

Украина им забрани на мажите на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат земјата. Одлуката ја донесе украинското Министерство за внатрешни работи.

Локалните медиуми претходно јавија дека украинскиот претседател Володимир Зеленски наредил општа мобилизација.

Тој потпишал декрет со кој се наредува мобилизација на сите регрути и резервисти на целата територија на Украина.

Најмалку 137 Украинци загинале од почетокот на руската офанзива, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„137 херои, наши сограѓани ги загубија животите“ – рече украинскиот лидер во видео порака објавена на социјалните мрежи и на веб-страницата на украинското претседателство.

Во борбите биле повредени 316 Украинци, а во нападите се повредени и 169 недолжни цивили.

Има повик до населението да дарува крв.