
„На влезот во Пехчево навистина не можевме да видиме луѓе. Го памтам овој крај, го памтам за викенди полна чаршија од луѓе, улиците по градот полни со деца кои играат разно разни игри. Денеска, за жал е една пустелија која се пресликува не само во Пехчево, туку во целата Малешевија, Пијанец па и Виница и Македонска Каменица како дел од овој регион“, истакна членот на ИК и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната трибина Дебати за Македонија – „Иселување и демографија – предизвик за Македонија“ во Општина Пехчево.
Тој потенцираше дека мора да се констатира дека истокот е празен, меѓутоа истокот е празен поради системските грешки кои се случуваат изминативе 7 години.
„Оваа власт влезе, ја доби власта со еден лажен слоган „За живот“ преку којшто ветуваше подобар живот за сите граѓани и затоа граѓаните поверуваа и влегоа во приказната на социјалдемократскиот сојуз и живот. Се наоѓаме во 7 година на власта која нема стратегија како да се движи. Во овие 7 години променети се 3 министри за финансии, во моментот кога дојдоа таму се и основите на промашувањата на оваа власт, рекоа дека ќе го тргнат рамниот данок, тој данок покажа резултати во Македонија затоа што со вложувањето на добивките на бизнисот во државата се правеа нови економски зголемени капацитети во коишто се запослуваа граѓани, за да по една година со промена на министер да се променуваат и економските политики на таа власт која на ден пред Нова Година и почеток на фискална година реши да го воведе прогресивниот данок. Нема стабилност за бизнисот, граѓаните, банките затоа што сериозни бизнис компании прават десет годишни, повеќе годишни планови за инвестирање, се донесовме во ситуација да сакаат да воведуваат прогресивен данок. Кога реагираше бизнисот тоа го ставија во мирување одреден временски период што значи дека не стојат на мерките планирани односно реагираат импулсивно по реакција од граѓани“, посочи тој.
Мицевски констатираше дека денешните законски решенија кои власта ги нуди се само реакција од граѓаните. Кога одреден сектор ќе реагира и ќе застане, односно ќе каже дека има проблеми тогаш се власта измислува ад-хок мерки со кои моментално се купува мир, но тоа не е решение кое Македонија ќе ја води во правилна насока.
„Еден од тие буџети го нарекоа инвестираме во човечкиот капитал. Човечкиот капитал не се само луѓето, човечкиот капитал се и условите во кои живеат и творат тие луѓе, за жал теоријата ја имаат затоа што донесоа и стратегија повеќегодишна за човечкиот капитал, за развојот на човечкиот капитал меѓутоа во пракса се случува сосема спротивно затоа што нема семејство во Малешевијата, Пијанец, но нема семејство ни во Македонија каде младото работоспособно население не размислува и не ја напуштило Македонија. Зошто? Затоа што младите луѓе се разочарани, затоа што возрасните знаат што се случува, затоа што не гледаат перспектива и иднина и тоа е тоа што и фали на оваа држава“, рече Мицевски.
Тој додаде дека се уништени програмите и мерките за многудетни семејства.
„Фалат стабилен човечки потенцијал и фалат мерки долгорочни кои ќе ги понуди ВМРО-ДПМНЕ и фали судство во кое ќе веруваат граѓаните. Фали општество во кое граѓаните ќе веруваат. СДС и ДУИ го имаат рецептот за уништување на една држава. Тоа го гледаме на дневно ниво и во законите што се преточени во Собранието, а тоа е ад-хок реакции по реакција на одредена сфера, стопански субјект, одредена стопанска комора или одреден дел од општеството“, вели тој