
Десетици илјади луѓе се собраа денеска во Лондон на протест за поддршка на Палестина. Како што пишува Дејли Мејл, на теренот има околу 1.000 полицајци, од кои голем број се стационирани во близина на израелската амбасада.
Доста е од окупацијата, Израел е терористичка држава, извикуваа дел од демонстрантите.
АП пренесува дека полицијата проценила дека на протестот имало до 100.000 луѓе. Палестина денеска во раните попладневни часови соопшти дека во израелските напади во последните две недели загинале 4385 лица, од кои 1756 деца, а 967 жени.
Митинзи се одржаа и во Манчестер и Единбург. Палестинското движење Хамас е прогласено за терористичка организација во Британија, а поддршката на тоа движење и употребата на неговите симболи се казнува со кривична одговорност.