„Европа се соочува со нова безбедносна реалност по руската инвазија на Украина“. Ова е изјавата на генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг.
„Тоа ќе биде нова Европа по инвазијата што ја видовме денеска“ – рече Столтенберг.
Изјави дека Русија испланирала „ладнокрвна“ инвазија додека НАТО се стреми кон дипломатско решение за украинската криза, додавајќи дека Алијансата нема намера да испраќа сили во Украина, откако Русија го нападна нејзиниот прозападен сосед.
„Немаме војници на НАТО во Украина и немаме никакви планови да испратиме војници на НАТО во Украина“ – рече Столтенберг.