Мицкоски до рускиот амбасадор во земјава: Територијалниот интегритет на Украина мора да се почитува!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски вели во Фејсбук статус дека пред 20 дена на состанок со амбасадорот на Руската федерација во Македонија рекол дека „територијалниот интегритет на Украина како и на секоја суверена земја е константа и мора да се почитува, а сите различни ставови во поглед на актуелните прашања да се решат по дипломатски пат”.

„Жалам што не можам да сторам повеќе, а се би дал да можам да спречам страдање на цивилите и невини човечки жртви. Но она што исто е важно за мене како човек и Македонец, како Македонија ќе се справи со актуелните предизвици на економски и енергетски план, какви се резервите со кои Македонија располага во услови на криза која надоаѓа, ќе продолжи ли криминалот и корупцијата како и распродавањето на националните интереси. Работата на политичарите е да воспостават мир, да градат пријателства и да се даде шанса на дипломатијата. Да се сочува меѓународното право и принципи, да се сопре агресијата и да се почитува територијалниот интегритет на секоја независна и суверена држава“ вели Мицкоски.