Измените во Кривичниот Законик, застареноста на делата на Сашо Мијалков, се дел од работите кои вечерва во „Трилинг“ ги дискутираме со адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска.
На прашање дали со последните одлуки се става под знак прашање правната сигурност на Македонија, адвокатката вели
Главното прашање е дали како општество ќе може да ја совладаме оваа колективна траума која се нанесува деновиве, а тоа е неразрешница – немање одговор. Тоа е најлошо сценарио, можеби полошо и од тоа да имавме ослободителни пресуди. Било каква судска одлука од непристрасен суд е подобра од немање одлука воопшто, вели Јошевска.
На прашањето дали Сашо Мијалков е невин, таа вели: Апсолутно, тој е невин додека не се докаже спротивното.
Во 2015 година кога почнаа да одат бомбите, една по една, изразивме надежи за одговорност. Не само за тоа што го слушаме, туку се радував дека ќе се испрати порака дека вака не може и ќе има одговорност кон носителите на државните функции. Импликациите најдобро ги знаат оние кои се директно засегнати, дополнува адвокатката.
Целата емисија може да ја погледнете на нашиот Јутуб канал.