(Видео) Спасовски: Ако Груевски се врати ќе заврши во затвор!

„Најдобро е Груевски да се врати, а ако се врати ќе заврши во затвор. Нема начин Никола Груевски да се врати, а да избегне одговорност“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вечерашното гостување на „Трилинг“.

Спасовски за незаконското прислушување вели дека „одговорност мораше да има“. Освен за овој проблем на новинарско прашање за измените во Кричниот Законик тој се иззема од одговорност.

Одлуката за застарување на делата не е наша, тоа е судска одлука. Измените на Кривичниот законик се навистина лош момент, започнува Спасовски.

Околу враќањето на Груевски, министерот вели дека со неговото евентуално враќање во Македонија тој ќе биде ставен зад решетки.

Не станува збор за еден предмет, туку за повеќе предмети. Не станува збор за законско решение кое него го амнестира во однос на одлуките кои се донесени за да оди во притвор, ниту пак дека делата за кои се терети дека може да бидат засатарени. Таму пишува дека 2036-та не може да застарат. Ако сакаме да има помирување во општеството мора да се носи одговорност. Нема поинаков начин да се врати освен во затвор, вели Спасовски за „Трилинг“.

Спасовски не разбира зошто некој би се плашел од Никола Груевски.

Најдобро е тој да се врати, а ако се врати ќе заврши во затвор. Нема начин Никола Груевски да се врати, а да избегне одговорност, додава Спасовски.

Тој зборува за Законот за амнестија и „помирувањето“ на општеството.

Најдобро помирување во општеството може да имаме со понесување одговорност, потенцира министерот.

Александар Вучиќ за Спасовски е ирелевантен како надворешен фактор да даде мислење за Груевски.

За правната сигурност тој вели дека системот мора да се зајакне.

Со министерот разговаравме и на геостратешките теми, па оттука се наметнува и прашањето „Дали е загрозена безбедноста на Македонија“?

Сите овие случувања кои на геостратешко ниво предизвикуваат поместувања сериозно влијаат на безбедносната состојба. Јас би рекол дека тука спаѓаат и случувања од регионот, кој е кревок и има отворени прашања кои мора да се затворат преку дијалог. За жал, во 21 век имаме руска агресија врз Украина. Во моментов имаме и нова криза во Израел. Мора да бидеме внимателни и сите да бидат претпазливи. Случувањата ги следиме од час во час, во постојана комуникација сме, заклучува Спасовски.

Спасовски вели дека најдобро е парламетнарните и претседателските избори да бидат одвоени.

На прашањето што му е поважно, „дали да биде претседателски кандидат или лидер на СДСМ“ тој вели дека личните амбиции, не може да бидат пред заедничкото добро.

Околу прашањето за случајот Онкологија, министерот вели дека граѓаните ќе бидат на прво место и дека тој случај ќе добие разврска.