Ова се дел од светски реакции за руската операција во Украина:
„Молитвите на целиот свет се со народот на Украина вечерва, бидејќи тие трпат неиспровоциран и неоправдан напад од руските воени сили“ – рече американскиот претседател Џо Бајден веднаш по почетокот на операцијата. Тој предупреди „Само Русија е одговорна за смртта и уништувањето што ќе ги донесе овој напад. Светот ќе бара одговорност од Русија“.
„Згрозен сум од ужасните настани во Украина и разговарав со претседателот Зеленски за следните чекори“ – напиша британскиот премиер Борис Џонсон на Твитер.
„Претседателот Путин го избра патот на крвопролевање и уништување со лансирањето на овој неиспровоциран напад врз Украина. Велика Британија и нашите сојузници ќе одговорат одлучно“ рече тој.
„Во овие темни часови, нашите мисли се со Украина и со невините жени, мажи и деца додека се соочуваат со овој неиспровоциран напад и страв за нивните животи“, напишаа шефовите на ЕУ Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел на Твитер. „Ќе бараме одговорност од Кремљ“ велат.
Шефот на НАТО рече дека Русија „го избрала патот на агресија против суверена и независна земја“. Нападот „загрозува безброј животи на цивили“ – рече Столтенберг во изјавата, опишувајќи го како „тешко кршење на меѓународното право и сериозна закана за евроатлантската безбедност“.
Амбасадорите на НАТО треба да одржат итен состанок денска наутро по европско време за да разговараат за нападот.
„Овие неиспровоцирани дејствија се јасно натамошно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и на обврските на Русија според меѓународното право и Повелбата на ОН“ – рече Џастин Трудо.
Тој рече дека ќе се сретне со партнерите од Групата седум за да формира колективен одговор, „вклучително и со воведување санкции дополнителни на оние објавени претходно оваа недела. Овие непромислени и опасни дела нема да останат неказнети“.
„Мораме веднаш да одговориме на руската криминална агресија врз Украина Европа и слободниот свет мора да го запрат Путин“ – напиша Моравјецки на Твитер.
„Денешниот Европски совет треба да ги одобри најжестоките можни санкции. Нашата поддршка за Украина мора да биде реална“ рече тој.
Гутереш упати директна и лична молба до рускиот претседател Владимир Путин по вонредната седница на Советот за безбедност, барајќи од него да го запре нападот „во име на човештвото“.
„Во име на хуманоста, не дозволувајте да започне во Европа она што може да биде најлошата војна од почетокот на векот. Конфликтот мора да престане сега“ – додаде шефот на ОН.