Вјоса Османи: Руската хегемонија нема да успее!

Претседателката на Косово – Вјоса Османи на официјална страница на Твитер порача дека Косово ќе соработува со своите сојузници за да ја спречи дестабилизацијата на регионот.

„Косово стои со Украина и нејзините граѓани, кои се соочуваат со последиците на една неиспровоцирана војна како резултат на дејствијата на агресија од страна на Русија. Ние ќе соработуваме со нашите сојузници за да ја спречиме дестабилизацијата на нашиот регион. Руската хегемонија нема да успее. Слободата и демократијата ќе победат“ – напиша Османи.