
Најдобро решение е Груевски да се врати и да продолжи со судењата, смета министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Ваквиот став го оправдува со безбедносниот аспект. Смета дека е штетно за државата, човек кој повеке од една деценија бил премиер, некој друг да го има во раце, вели шефот на дипломатијата кој негира дека имало иницијатива или разговори за негово враќање.
За Османи темата околу Греувски е резултат на паника и страв во ВМРО-ДПМНЕ кон психолошкиот лик на поранешниот лидер а не општествено прашање. Вели дека се прави фама околу комуникација со Груевски како резултат на нивните внатрешни односи.
–Од политички аспект има едно прашање кое знам дека ќе се злоупотреби, но од безбедносен аспект да имате премиер кој што ви бил премиер повеќе од 10 години и ги имал сите информации на државата, а е во рацете на друга држава, тоа не е паметно за било која држава, Бујар Османи, министер за надворешни работи
Објаснувањето на Османи е смешно за неговиот поранешен сопартиец а сега лидер на Демократско движење, Изет Меџити.
Вели Груевски досега имал доволно време да ги издаде информациите, ако сакал. Меџити кој претходно го праша Османи дали го посетил Груевски во Будимпешта, денеска фрли нов сомнеж -Дали се подготвуваат да го вратат Груевски во Скопје на 23 октомври на Денот на ВМРО?
Од владеачката СДСМ со кус коментар.
–Никола Груевски во оној момент кога ќе стапне во нашата држава ќе издржува казна затвор согласно конечни позитивни судски пресуди. Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.