Блокирана границата меѓу Израел и Либан

Израелската армија го забрани пристапот во неделата во зонаа во длабочина од 4 километри од либанската граница и потврди дека намерно ги попречува GPS услугите таму ии на јужниот фронт кон Појасот Газа како дел од своите операции.

Прекинот на функционирањето на GPS бо можело да влијае на функциите на повеќе апликации, изјави главниот воен портпарол контраадмиралот Даниел Хагари на платформата Х.

Борците на либанското шиитско движење Хезболах истрелале во неделата наведуван проектил во правец на израелско село кон северната граница на Израел, при што загинало едно лице а ранети се уште три други, соопштија движењето и израелските медицински служби. Станува збор за селото Штула, земјоделска заедница покрај границата директно наспроти либанската населба Аита ал-Шаб.

Израелската војска соопшти дека извела противудар врз Либан како одмазда истрелувајќи 12 проектили врз околината на Аита ал-Шаб. Според либански безбедносни извори, пак, Израел ги гаѓал и јужните либански населби Рмеиш и Рамија.

По смртоносните напади на радикалното исламистичко палестинско движење Хамас во Израел на 7-ми октомври и одмазничкиот напад во енклавата Појасот Газа, последните денови се бележат иповремени инциденти по должинаа на границата меѓу Израел и Либан, што поттикна загриженоста на прелевање на палестинско-израелскиот конфликт на регионот на Блискиот исток.

Либанската шиитска групација Хезболах, која е поддржувана од Иран, е активна во јужен Либан и во Сирија, чијашто територија на Голанската висорамнина Израел ја анектираше во 1981 година.

Хезболах, чии милиции се вооружувани и обучувани од Иран, е далеку помоќна борбена форамција од палестински Хамас, а разликата е и во припадноста на шиитскиот и сунитскиот огранок на исламот. Од последната војна меѓу Израел и Хазболах во 2006 година, либанското движење стана многу помоќно. Се проценува дека Хазболах има арсенал од повеќе од 100.000 ракети, а покрај тоа неговите единици се здобија со богато борбано искуство учествувајќи од 2011 година во војната во Сирија.

Израелскиот советник за национална безбедност Цачи Ханегби го предупреди дека либанското милитантно движење да не започнува војна на вториот фронт, заканувајќи се со „уништување на Либан“ доколку тоа биде направени. Ханегби рече и дека Израел „настојува да не биде вовлечен во војна на два фронат“ и ги предупреди Хезболах да стои понастрана од борбите.

„Се надеваме деа Хезболах нема, де-факто, да доведе до уништување на Либан, бидејќи ако таму има војна резултатот ќе биде тежок“, рече Ханегби алудирајќи на долгогодишните израелски закани со масивни удари во сличај на лансирање на големиот ракетен арсенал на Хезболах, како и на употреба на нуклеарно оружје за кое Израел навестува но не потврдува дека го поседува.