Пукање на забава во Денвер – тројца загинати

Три лица се убиени во пукање на приватна забава во Денвер, соопшти локалната полиција во САД.

Во полициското соопштение се наведува дека едно лице е пронајдено мртво на лице место, додека петмина повредени се пренесени во болница, каде за двајца подоцна била констатирана смрт.

Полицијата веднаш не соопштува информации за идентитетот на жртвите од престрелката.

Доказите укажуваат дека биле испукани истрели од најмалку две огнени оружја, соопшти полицијата.