Брутална одмазда на Израел – убиен е врховниот командант на Хамас

Во текот на ноќта израелската армија погоди десетици локации на командните структури на Хамас.

Израелската војска соопшти дека убила висок функционер на палестинската милитантна група Хамас за време на воздушен напад во текот на ноќта во Појасот Газа.

Цел на нападот бил штабот од кој Хамас ги насочува воздушните операции, а неговиот командант Мурад Абу Мурад е убиен, пишува The Times of Israel.

Според армијата, тој „играл голема улога во насочувањето на терористите за време на масакрот“ минатиот викенд, меѓу кои имало и оние кои со параглајдер влегле во Израел.

Како што е соопштено, израелската армија во текот на ноќта погодила десетици локации на командните структури на Хамас.