(Видео) Петковска: Граѓанскиот сектор стои само како декор, суштински не се земаат предвид нашите коментари

„Граѓанскиот сектор стои само како декор, суштински не се земаат предвид нашите коментари“, вели во вечерашното гостување на „Трилинг“ Ивана Петковска од коалицијата „Сите за правично судење“.

Петковска се осврна на измените во КЗ кои беа скандалозни за пошироката јавност.

Ваквите изјави и се она што беше најавено и начинот на кој беа донесени измените на КЗ во процес кога веќе имаме нов закон и целото брзање да се донесат овие измени, само остава сомнеж за политички влијанија во правосудството, дефинитивно дека остава сомнеж дека се работи за покрупни работи од тоа што навистина е донесено, започува Петковска.

Петковска вели дека постои можноста токму измените во КЗ да бидат причина за политички пазар.

Ќе видиме што ќе биде во иднина, но минатото го покажува токму тоа, вели Петковска и овој период го споредува со примери од 2018-2019 година.

Петковска раскажува зошто се има повлечено од работна група.

Ние како граѓански сектор сме заобиколени, а освен нас и работната група и професорите кои работат измените. Воопшто не бевме консултирани во тој процес, а сме дел од работната група. Граѓанскиот сектор очигледно стои само декор односно легитимитет дека тие процеси се навистина како што треба, меѓутоа суштински и конструктивно не се земени предвид коментарите и препораките кои ги имаме дадено, потенцира Петковска.

Таа зборува и за конфискацијата и објаснува како треба да постапи државата. Освен ова зборувавме со неа и за шефот на обвинителството за организиран криминал Абази.

Во однос на изборот на шефот на обвинителството за организиран криминал и корупција ние реагиравме за нетранспаретниот процес на кој се водеше постапката, вели Петковска и поентира дека во иднина би требало постапката да биде потранспарентна.

Со неа разговараме и за останатите прашања како што е ниската доверба во правосудството. Во продолжение може да го погледнете целото интервју со Петковска.