Десет лица се приведени поради трговија со дрога, меѓу кои и еден воен злосторник

Десет лица се уапсени во акција на МУП на РС во Босанска Градишка, под кодно име „Галерија“, чија цел била откривање на криминална група која се занимавала со трговија со дрога.

Уапсени се С.Л., С.Д., М.Р., О.Ш., Д.Т., Н.Ј., Ј.К., А.Г., Н.Ѓ. и М.Г., сите од Босанска Градишка.

Меѓу уапсените е и Саша Липовац, кој одлежа десет години затвор за воени злосторства, потоа транспортерот Данијел Тодоровиќ и Александар Грандиќ, наставник по физичко во две основни училишта.

Врз основа на наредба на Окружниот суд во Бања Лука, извршен е претрес на куќи и придружни објекти на повеќе локации на подрачјето на Босанска Градишка што ги користеле осомничените, како и патнички возила во нивна сопственост.

– Во таа прилика била пронајдена наркотична дрога која личи на кокаин (27,78 грама), како и спид (400,50 грама), одредена количина таблети екстази и МДМ, како и сканк, огнено оружје. Пронајдени и одземени се пари, како и други предмети кои можат да послужат како доказ во кривичната постапка – соопштија од полицијата.

По завршување на кривичната истрага, уапсените ќе бидат спроведени во Окружното јавно обвинителство Бања Лука на понатамошна постапка.

Професорот Грандиќ беше уапсен на крајот на април годинава во акција на полициската управа Босанска Градишка поради поседување 400 грама дрога, помала количина марихуана и таблети екстази.