Орбан: Нема да има собири за поддршка на „терористички организации“ во Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека неговата земја нема да дозволи собири за поддршка на „терористичките организации“, додавајќи дека унгарските граѓани можат да се чувствуваат безбедно, без разлика на нивната вера или потекло.

„Шокантно е тоа што има собири на оние кои ги поддржуваат терористите низ цела Европа“, рече Орбан, според Ројтерс.

Тој додаде дека такви „обиди“ имало дури и во Унгарија, но дека неговата земја нема да дозволи собири за поддршка на „терористичките организации“ бидејќи тоа би претставувало закана од тероризам.