Роналдо продолжува да руши рекорди

Кристијано Роналдо нема намера да се повлече од португалската репрезентација. 38. годишниот напаѓач најави дека сака да игра за својата земја и на Светското првенство во 2026 година. Поради тоа тој ги известил челниците на Ал Наср дека сака да го продолжи договорот на уште три години.

Роналдо успешно настапува за Ал Наср во саудиската Про лига, а познато е и со колкава страст настапува за репрезентацијата на Португалија.

Дополнително, евидентно е дека голгетерот од Мадеира е во фантастична физичка форма и не е невозможно тој да се натпреварува на елитно ниво и кога ќе наполни 40 години.

Затоа Роналдо е подготвен да игра на Светското првенство во 2026 година кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, пишува шпански Мундо Депортиво.

Доколку Роналдо биде во португалската репрезентација на Мундијалот за три години, тоа ќе му биде шесто Светско првенство на кое ќе игра, не пропуштил ниту едено од Германија во 2006 година.

Единствените играчи во историјата кои настапиле на пет светски првенства се Мексиканците Антонио Карбахал, Андес Гвардадо и Рафаел Маркез, потоа Германецот Лотар Матеус и Аргентинецот Лионел Меси.

Треба да се издвојат и двајца голмани, Џанлуиџи Буфон и Гиљермо Очоа, тие беа на пет светски првенства, но играа на четири.