97 милиони евра преку ИПАРД 3 наменети за модернизација на македонското земјоделство

Преку ИПАРД 3 програмата деведест и седум милиони евра европски неповратни средства ќе бидат наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство.

Во седиштето на ЕУ делегацијата во Скопје беше потпишан договор за финансиската спогодба за ИПАРД 3.

Станува збор за европски неповратни сретства наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство.

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир порача транспарентно да се користат европските фондови бидејќи тоа ќе го бараат и преговорите со ЕУ во иднина.