Во сообраќајна несреќа загина 19-годишник од гостиварското село Чегране.
Според МВР, сега загинатиот, со автомобил „сеат ибица“ излетал од патот и удрил во столб. Со тешки повреди, починал на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, информираше Министерството за внатрешни работи.