Началникот на Генералштабот на војската на Србија, Милан Мојсиловиќ

Началникот на Генералштабот на војската на Србија, Милан Мојсиловиќ ги демантираше наводите на косовските власти дека Србија со нападот во Бањска подготвувала припојување на северот на Косово, јави Радио Слободна Европа.

„Српската армија е сериозна, силна организација која не толерира лаги. Претавува навреда за интелектот помислата дека српската армија планирала инвазија на Косово“, истакна денеска Мојсиловиќ.

„Ги демантирам сите наводи од Приштина“, рече тој. Министерот за полиција на Косово, Џелал Свечља, еден ден претходно изјави дека Србија планирала анексија на северот на Косово.

Косовската полиција на 24 септември беше нападната од вооружена група во селото Бањска во општина Звечан, кога беше убиен полицаецот Африм Буњаку.

Потоа во размената на оган загинаа тројца напаѓачи од српска националност. Одговорноста за нападот врз косовската полиција ја презеде Милан Радоичиќ, кој дотогаш беше потпретседател на Српска листа.

Началникот на Генералштабот негираше дека Милан Радоичиќ учествувал на обука на воениот полигон во Пасуљански Ливаде (во близина на Јагодина во централна Србија).

„Во неколку наврати беше поканет на вежби, но тој не одговори на нив. А што прави Радоичиќ на приватен имот не е работа на војската на Србија“, додаде Мојсиловиќ, пренесува РСЕ.

Началникот на Генералштабот на Србија одговори и на изјавите на меѓународната заедница и официјална Приштина во кои се изразува загриженост за зголеменото присуство на војска и оружје околу границата со Косово, оценувајќи дека таква загриженост е непотребна.

„Сакам да ве информирам дека немаше подигнување на целосната борбена готовност на српските вооружени сили, туку само зголемено присуство и ангажман на единици“, рече Мојсиловиќ.

Тој додаде дека „по избувнувањето на безбедносната криза“, војската на Србија го зголемила присуството во „копнената безбедносна зона и навлегувањето околу административната линија“, а на тој потег на 25 септември имало 8.

350 припадници на армијата. Началникот вели дека сега на таа линија има „двојно помалку војници“, односно дека „бројната состојба е редовна“.