Ѓорческа напредуваше за 30 места на новата ВТА листа

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа имаше сериозен напредок на новата ранг листа откако го освои фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања.

Македонката со освоените 70 поени од турнирот, се качи на 186. место на ВТА листата, што е скок за 30 позиции од претходната недела.

Со ова Лина дојде многу блиску до својот најдобар ранкинг кој беше 170. место (12. јуни 2017).

Во конкуренција на двојки Ѓорческа има пад за шест места и сега се наоѓа на 309.то место со 256 поени.

Магдалена Стоилковска истотака има скок од седум позиции и сега се наоѓа на 1.237. место со 8 поени.

Во конкуренција на двојки Стоилковска е на 1.475. место со 6 поени и таа како и Лина во оваа конкуренција има пад за шест позиции.