Во центарот на Бјелина околу полноќ се случи убиство. Според првичните информации, убиен е полициски инспектор, а ранет е еден обезбедувач.
Пукањето било пријавено во Полициската управа во Бијелина во 23 часот и 59 минути, а веднаш потоа на улицата „Меша Селимовиќ“ било пронајдено тело на застрелан маж.
АТВ неофицијално дознава дека тој на излегување од клубот бил погоден со два истрели од огнено оружје.
Според неофицијални информации, убиен е Ненад М., роден 1985 година, вработен како инспектор во Полициска станица 2 Бијелина.
Поради ова кривично дело локалната полиција веќе уапсила четири лица за кои се сомнева дека се поврзани со ова дело.
На местото на настанот има голем број полицајци, кои по убиството го блокираа поширокиот простор околу местото на злосторството, а ги запреа и контролираа сите возила и случајни минувачи.
Во тек е истрага, која ја води дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство во Бјелина. Се истражуваат точните околности на убиството.