Италија ќе го тужи екс селекторот Манчини
Претседателот на италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гарвина најавил тужба за доскорешниот селектор на „аѕурите“ Роберто Манчини, кој пред нешто повеќе од еден месец даде оставка и си замина од кормилото, а Лучијано Спалети го наследи на клупата.
Гарвина на извршниот комитет на федерацијата ја најавил можната тужба за Манчини со која ќе се бара компензација од него за раскинот на договорот, иако ФИГЦ, пак, не сакаше да плати три милиони евра отштета кон Наполи за Спалети, иако човекот кој го донесе „скудетото“ во Неапол ја напушти клупата на актуелниот првак.
ФИГЦ веќе ангажирале адвокатски тим за да го прочешла целиот случај пред официјално да се покрене тужбата против Манчини, кој нецел месец откако си замина од кормилото на Италија, потпиша договор во Саудиска Арабија да биде селектор на оваа земја, за плата наводно од 25 милиони евра годишно.
Според Гарвина, федерацијата се сомнева дека причина за заминувањето на Манчини од селекторската позиција е понудата од С. Арабија, за која не ги информирал, туку еднострано го раскинал договорот со неотповиклива оставка.