Џафери: Оставам на совеста на тие што шпекулираат со јавноста дека сум примил каков било материјал или допис од екс премиерот

Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека не е вистина дека примил каков било допис или каков било материјал од поранешниот премиер Никола Груевски, кој е осуден и е во бегство во Унгарија. Тој ова го кажа во одговор на новинарско прашање по денешната седница на Собранието.

-Како што изјавив и викендов, нема никаква вистина дека претседателот на Собранието од екс премиерот да прими каков било допис или каков било материјал. Тоа е невистина и служи само на дневна политика, како што кажав и претходно. А дека Собранието добива материјали добива од овластени предлагачи во форма која што е пропишана со деловникот, така што понатаму не би сакал да користам несоодветни зборови, кои што заслужува таквата инсинуација, но оставам на совеста на тие што шпекулираат со јавноста, изјави Џафери.