Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ со фејсбук статус му одговори на министерот Маричиќ, кој денеска со сексистичка гестикулација ја нападна и навреди.
Таа на фејсбук статусот напиша:
„Бакнежи и намигања – дома!!! Срам за двете знамиња позади!!! Срам за машкиот пол!! Позади камера е лесно да си `мачо-мен`. Лигав Вицепремиер“.
„На што личи ваквото несоодветно однесување на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ?! И моите колеги многу добро видоа што правеше Маричиќ. Мојот колега Никола Мицевски неодамна беше обвинет дека нападнал пратеничка, а што беше сега ова што го стори вицепремиерот?“ порача пратеничката денеска во Собранието каде е во тек седница со пратенички прашања.