Во училиште во Шпанија, 14 годишен ученик со нож нападнал и повредил тројца професори и двајца ученици.
Нападот се случил за време на час.
Според првите информации, ученикот извадил нож од ранецот и тргнал во крвавиот напад.
Тој наводно веднаш потоа бил уапсен.
Засега не се познати мотивите за нападот.
Шпанските медиуми јавуваат дека повредените се пренесени во болница. Не се знае степенот на нивните повреди. По нападот училиштето било евакуирано.