Димитар Ковачевски – претседателот на Владата денеска изјави дека нема да се сретне со лидерот на опозицијата доколку единственото прашање за кое би се разговарало се предвремените избори. Тој повторно со порака дека избори ќе има, но во 2024 година.
„Не сум човек кој подлегнува на притисоци, закани и уцени. Доколку единствена точка за која опозицијата смета дека треба да се разговара се предвремени избори, тогаш таква средба нема да има, бидејќи сакам да повторам дека избори ќе има, но во 2024 година. Во овој момент на Република Северна Македонија и е потребно лидерство и одговорност за справување со големите предизвици што ги имаме во оваа кризна година, а тоа е енергетската криза, која е европска, потоа здравствената криза која се уште е присутна преку новите соеви и ценовната инфлација“ – изјави Ковачевски.
Сите треба да бидеме единствени во справувањето со најголемите предизвици со кои се соочува државата, смета премиерот.